Распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ

Bez autora
Nov 15 2010

Во организација на Министерството за транспорт и врски вчера се изврши прелиминарна распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ по електронски пат за 2011 година. На електронската распределба на ЦЕМТ-дозволи, што се одржува по петти пат учествуваа 678 фирми кои конкурираа за вкупно 1.114 ЦЕМТ-дозволи. Преку практичната реализација и примена на електронскиот систем за аплицирање на транспортните дозволи во изминативе четири години се потврдува заложбата на Министерството и Владата за целосна елиминација на секоја можност за корупција во секторот за транспорт и јакнење на транспарентноста во давањето на јавните услуги на граѓаните. Министерството за транспорт и врски годинава успеа да обезбеди дополнителни контингенти од 9.450 транспортни дозволи за Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Италија, Данска, Германија, Босна и Херцеговина и за Белгија. Тој упати и охрабрување до сите компании и сопственици на товарни возила со ЕУРО 3 стандард да ги заменат со ЕУРО 5 возила.

Распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТВо организација на Министерството за транспорт и врски вчера се изврши прелиминарна распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ по електронски пат за 2011 година.

На електронската распределба на ЦЕМТ-дозволи, што се одржува по петти пат учествуваа 678 фирми кои конкурираа за вкупно 1.114 ЦЕМТ-дозволи.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека преку практичната реализација и примена на електронскиот систем за аплицирање на транспортните дозволи во изминативе четири години се потврдува заложбата на Министерството и Владата за целосна елиминација на секоја можност за корупција во секторот за транспорт и јакнење на транспарентноста во давањето на јавните услуги на граѓаните.

Јанакиески информира дека Министерството за транспорт и врски годинава успеа да обезбеди дополнителни контингенти од 9.450 транспортни дозволи за Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Италија, Данска, Германија, Босна и Херцеговина и за Белгија.

Тој упати и охрабрување до сите компании и сопственици на товарни возила со ЕУРО 3 стандард да ги заменат со ЕУРО 5 возила.

-Ги охрабрувам сите оние кои поседуваат ЕУРО 3 возила, а сакаат да се занимаваат со меѓународен транспорт да купуваат возила со минимум ЕУРО 5 бидејќи времето ќе ги прегази и потоа колку и да сакаат да им обезбедиме меѓународни дозволи ќе биде многу тешко оти контигентот на дозволи не го определуваме ние, туку се определува од страна на ЕК и на Меѓународното ЦЕМТ-здружение. Бројот на транспортни дозволи од година в година за ЕУРО 3 возилата се намалува и прашање на време е кога ќе се сведе на нула. Тогаш товарните возила со ЕУРО 3 ќе може да се возат само на територијата на Република Македонија - рече министерот Јанакиески.

Тој изрази задоволство што бројот на возила со ЕУРО 5 стандард годинава во однос на 2009 е зголемен за близу 50 проценти.

Во однос на процесот на лиценцирање на транспротните компании со цел стандардизирање на транспортната дејност во Република Македонија тој инфорира дека досега се издадени 2.820 лиценци за компании кои ги исполниле соодветните услови. Од нив за јавен превоз на стоки издадени се 1.883 лиценци, 470 се издадени за превоз на стока за сопствени потреби додека за јавен превоз на патници издадени се 410 лиценци, а 57 лиценци за превоз на патници за сопствени потреби.

Министерот Јанакиески најави дека очекува првата мемориска картичка во рамки на процесот на воведување на дигитални тахографи да биде издадена во декември со што додаде Македонија ќе стане лидер во регионот во оваа област.

Според претседателот на Макамтранс синдикатот Билјана Муратовска за 2011 се издадени 220 ЦЕМТ-дозволи повеќе од минатата година. Поради тенденцијата на намалување на возила со ЕУРО 3 стандард на патиштата во ЕУ таа укажа дека следната година се намалува бројот на возила од овој тип кој ќе можат да вршат меѓународен транспорт. Таа истакна дека најдобра покриеност од над 96 проценти имаат компаниите кои во својот возен парк имаат возила со ЕУРО 5 односно ЕУРО 4 стандард со што вели оние фирми кои инвестирале во нови возила многу брзо ќе им се повратат инвестициите.

Запрашани во однос на намалениот број на дозволи за Грција од 128 на 90 за идната година Јанакиески и Муратовска посочија дека станува збор за политика на таа земја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik